Бредли Бил, ѕвездата на Вашингтон визардс, имаше блескав настап постигнувајќи дури 47 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да се спаси од убедлив пораз на гостувањето кај Њу Орлеанс (124:106). За Вашингтон ова беше 11-ти пораз во 14 меча сезонава и тоа е тимот со најслаб биланс во досегашниот дел од сезоната во НБА.
По мечот, Бил беше запрашан дали се чувствува фрустриран затоа што неговиот тим не може да победи кога тој игра одлично, а одговорот беше многу интересен. „А дали небото е сино? Тешко ми е. Сакам да победувам, да победувам“, рече разочараниот Бил по мечот кај Њу Орлеанс.
Бил со овој пораз постави неславен рекорд кој досега не бил забележан во историјата на НБА-лигата. Тој е првиот кошаркар што на последните 10 натпревари на кои постигнува 40+ поени, неговиот тим губи. Во САД веќе започнаа шпекулации дека Бил може да си замине од Вашингтон, а како негова следна дестинација се споменува шампионот Лос Анџелес лејкерс.
ПОСЛЕДНИТЕ 10 МЕЧЕВИ НА КОИ БИЛ ДАВА 40+ ПОЕНИ
27 јануари 2021 година, 47 поени во поразот од Њу Орлеанс
8 јануари 2021, 41 поени во поразот од Бостон
6 јануари 2021, 60 поени во поразот од Филаделфија
28 февруари 2020, 42 поени во поразот од Јута
24 февруари 2020, 55 поени во поразот од Милвоки
23 февруари 2020, 53 поени во поразот од Чикаго
3 февруари 2020, 43 поени во поразот од Голден Стејт
28 јануари 2020, 47 поени во поразот од Милвоки
26 јануари 2020, 40 поени во поразот од Атланта
3 декември 2019, 42 поени во поразот од Орландо