Нова „бомба“ во НБА на повидок: Лејкерси со Бил ќе го бранат тронот

Бредли Бил, првата ѕвезда на Вашингтон визардс, има намера да го напушти клубот по фрустрирачкиот старт на сезоната во кој Волшебниците имаат учинок од 3-11 и се најслаби во Источната конференција.

По новиот тежок пораз од Њу Орлеанс, очигледно беше незадоволството на еден од најдобрите поентери во НБА-лигата, а американските медиуми веќе најавија негова преселба во редовите на актуелниот шампион ЛА лејкерс.

Езерџиите имаат конкуренција од Далас, Мајами и Голден стејт за услугите на Бил, меѓутоа се во пол-позиција за негов ангажман со оглед на тоа дека намерата им е да го бранат тронот на кој се искачија по пауза од една деценија. Евентуален трејд во кој Лејкерси ќе го добијат Бил, ќе биде одговор за новосоздадената велесила во Бруклин, каде што се Дурант, Харден и Ирвинг, кои се први предентенти за престолот од Истокот.

Одличниот бек сезонава блеска со просек од 34,4 поени, 5,4 скока и 4,8 асистенции по натпревар и моментално е прв стрелец во НБА-лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести