Екипата на Монца го има можеби најголемиот предизвик на домашен терен затоа што им гостува првакот Интер. Легендарниот дефанзивец Алесандро Неста кој е тренер на Монца најавува голема борба и можност да се изненади фаворитот.
„Ако победиме јас ќе бидам гениј, ако загубиме ќе бидам идиот. Навикнат сум на тоа. Мојата работа е да носам добри резултати. Ако резултатите се добри, стадионот ќе биде полн и навивачите ќе бидат среќни. Кажав и ќе повторам, Ако Интер ни даде и мала шанса да ги загрозиме, ние тоа ќе го искористиме“, вели Неста, кој потенцираше дека има големо почитување кон тренерот на Интер, Симоне Инѕаги.
По првите три кола Монца е со само два бода и уште ја чека првата победа, додека Интер има две победи и едно реми и по првите три кола постигна дури осум голови. Во претходните две сезони, овие два тима играа четири пати, а билансот е две победи на Интер, еден триумф на Монца и едно реми.