Нестор има истегнување на лигаментите, веројатно оди на операција

Испитувањата и снимките на магнетна резонанца покажале дека Илија Несторовски има истегнување на лигаментите во коленото, и в понеделник ќе оди во Рим на консултации со професот Маријани кој е специјалист за вакви повреди, но стравувањата се дека најверојатно ќе треба да биде опериран.

Ако се оперира, нашиот репрезентативен напаѓач нема да игра за ЕП кое почнува за помалку од два месеци. Несторовски се повредил вчера на тренинг на Удинезе. За него сезонава во Серија А е завршена, а мали се шансите да заигра на историското ЕП. Отсуството на Несторовски ќе биде хендикеп за македонската селекција бидејќи тој е прва опција во шпицот кај селекторот Игор Ангеловски, но без него во составот, Црвено-жолтите ја шокираа Германија.

- Оглас -

Најнови вести