Несторовски дебитираше за Удинезе, пријателскиот меч со Борусија Дортмунд прекинат поради невреме

Илија Несторовски дебитираше за Удинезе на пријателскиот меч против Борусија Дортмунд, а првиот меч за новиот клуб беше прекинат поради невреме во Алтах, Австрија.

Германскиот состав беше многу подобар и водеше со 4:1 во Алтах, а дуелот не го дочека крајот и играчите предвреме заминаа во соблекувалните, бидејќи теренот беше потопен од обилен дожд.

Несторовски влезе во игра во 73. минута при негатива за Удинезе од 0:4, а потоа Мандрагора со прекрасен шут од слободен удар намали на 1:4.

Невремето не дозволи да се доигра до крај, па мечот беше прекинат во 84. минута. Популарниот Несто-гол вчера потпиша тригодишен договор со Удинезе, со можност за продолжување за уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести