Несторовски е стартер и половина час му требаше да даде гол за Удинезе

Илија Несторовски е во стартниот тим на Удинезе на гостувањето кај Салернитана и македонскиот репрезентативец тоа веднаш го искористи и постигна гол. Удинезе иако гостин, во првите 30 минути од средбата доминира и води со 2:0.

Несторовски погоди во 30 минута по асистенција на Переира, а пет минути претходно Зегелар го постигна првиот погодок за тимот од Удине.

За Несторовски ова е втор погодок сезонава во Серија А и тоа во само седум средби на кои доби доверба да игра.

- Оглас -

Најнови вести