Несторовски од клупа го виде ремек-делото на италијанскиот Барди (Видео)

Удинезе и Интер играат одличен меч и веќе е 1:1 по половина час игра на „Дачија арена“ во Удине, каде нашиот екс-репрезентативец Илија Несторовски е резерва за домаќините.

Популарниот Несто-гол имаше добар видик да го забележи маестралниот гол од слободен удар на Николо Барела за Интер во петтата минута.

Барела погоди во стилот на Енис Барди и на стартот од мечот ги разочара и Несторовски и неговите соиграчи од Удинезе, но за домаќините тргна на подобро во 22. минута кога Шкрињар си постигна автогол за израмнување на 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести