Нестварни сцени во Сплит: Торцида прослави 70 години постоење (Видео)

Навивачите на Хајдук од Сплит, односно популарната група Торцида го прослави 70-тиот роденден. Далматинците се гордеат дека Торцида е најстарата навивачка група во Европа, а за јубилејниот роденден направија нешто неверојатно.

Точно на полноќ беа запалени огромен број факли и огномет и направија најголемиот град на Далмација да изгледа феноменално.

А еве како изгледаше спектаклот снимен од дрон.

Освен „баклјадата“ над целиот град, неизбежно беше да се прослави и пред стадионот „Пољуд“, домот на нивниот омилен тим Хајдук Сплит.

 

- Оглас -

Најнови вести