Шампионската титула на Трабзонспор предизвика лудило и огромно воодушевување кај сите навивачи на клубот.
На средбата со Анталијаспор, со авиони допатуваа и фанови на Трабзонспор кои живеат во Германија и другите западноевропски земји, за да ја прослават титулата која ја чекаа 38 години.
Прекинот на доминацијата на истанбулските клубови, донесе незапамтена радост. Многу навивачи првпат во животот дочекаа да прослават титула во турската лига, па затоа немаше сила која ќе ги запре кога од сите страни влетаа на терен.
Само што беше отсвирен крај, теренот се наполни со илјадници навивачи кои прославуваа, а клубот приреди и огномет.