„Неутралците“ прогнозираат победа на Баерн во Дортмунд

Некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер, смета дека Баварците се фаворити на хартија во вечерашното дерби од 18.30 часот против Борусија Дортмунд, и тоа најмногу поради фактот дека стадионот на „жолто-црните“ ќе биде празен.

„Знаеме каков притисок се прави врз гостите на овој стадион и затоа сметам дека Баерн е во предност што фановите на Борусија нема да бидат на трибините”, рече популарниот Швајни.

Швајнштајгер, кој со Германија стана светски првак во 2014 година, смета дека ова е мечот на кој Борусија треба да покаже дали е голем тим кој е достоен да биде првак на Бундеслигата.

Баерн има предност од 4 бода преди дербито, па дури и со пораз, ќе остане на врвот. Баерн ја победи Борусија во финалето на Лигата на шампионите пред седум години, тогаш за Борусија играше Роберт Левандовски, кој сега ќе биде главна закана по голот на Дортмунд.

Паузата поради корона-вирусот и играњето без публика донесе една голема промена во Германија. Од досегашните 18 меча во двете кола во Бундеслигата, само на три победија домаќините. Ова е само 16,6 отсто успешност, а кога се играше со публика, имаше 43,3 проценти победи за домашните.

Андреј Крамариќ, кој игра за Хофенхајм, се согласува дека Баерн е најкомплетен и посилен од другите германски тимови и дека празните трибини ќе бидат хендикеп за Борусија.

- Оглас -

Најнови вести