Неверојатен факт: Кога е Меси на теренот, Суарез не може да даде гол

Сите во Барселона едвај чекаа Лионел Меси да закрепне од повредата на раката и да се врати на теренот. Сепак можеби не сите го чекаа враќањето на Меси на теренот.

Статистиката покажува дека сезонава кога капитенот на Барселона не е на теренот, тогаш блеска Луис Суарез. Кога Меси ќе се појави на тревата, тогаш Уругваецот едноставно го снемува и не може да постигне гол.

Меси и Суарез одлично соработуваат на теренот, а се пријатели и во приватниот живот. Но, сезонава на Суарез не му оди најдобро кога Лео е на теренот. Статистиката покажува дека Суарез постигнува гол на речиси пет и пол часа со Меси покрај него на теренот. Кога Аргентинецот не игра, Суарез блеска. Просекот му е да дава гол на секои 82 минути на теренот.

Поради повредата на раката, Меси го пропушти Ел класико против Реал Мадрид, на кое прва ѕвезда беше Суарез со три погодоци. Веднаш по дербито, Суарез даде уште два гола во победата од 3:2 против Рајо Вајекано. Меси се врати на теренот на дуелот против Бетис, а Суарез не само што не даде гол, туку Барселона изненадувачи загуби на „Камп Ноу“ со 3:4. Лео даде два гола, но Суарез никаде го немаше на теренот.

- Оглас -

Најнови вести