Неверојатен меч во Летонија: Водеа со 3:0 дома, а на крајот загубија со 3:4 (Видео)

Во фудбалот се можни секакви пресврти, но пресвртот кој се случи на меч од втората фудбалска лига во Летонија е повеќе од неверојатен. Играа екипите на Динамо Рига и Тукумс, а домаќините одиграа одлично прво полувреме, па по првите 45 минути водеа со 3:0.

Играчите на Динамо Рига упатија дури 10 шута кон противничкиот гол, а три завршија во голот на гостите. Сепак, во второто полувреме се случи нешто чудно. Домаќините коишто доминираа во првите 45 минути, во вториот дел едноставно како да исчезнаа од теренот и не успеаја да шутнат ниту еднаш кон голот на противникот.

Фудбалерите на гостинскиот тим Тукумс доминираа на теренот, упатија дури 15 удари кон домашниот гол, девет беа во рамките, а четири завршија во мрежата. Сепак, снимките покажуваат дека дел од погодоците беа многу необични, но без разлика на тоа како беа постигнати погодоците, гостите на крајот победија со 4:3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести