Неверојатен подвиг на Гризман, рекорд кој тешко дека некој ќе го надмине

Антоан Гризман е вистинско чудо, барем кога се работи за репрезентативниот фудбал. Иако со своите 124 натпревари за репрезентацијата на Франција е далеку од оние 202 кои ги има Кристијано Роналдо, сепак фудбалерот на Атлетико Мадрид во една категорија е светски рекордер.

Триесет и двегодишниот фудбалер има серија од 81 натпревар за репрезентацијата на Франција на кои забележал настап, а последен пат остана на клупата со резерви и не доби шанса да игра на пријателскиот дуел против Англија одигран на 13 јуни 2017 година.

На овие 81 натпревар, Гризман и Франција победија на 55 меча, 17 завршија нерешено, а доживеаја само девет порази.

Серијата со настапи за Франција Гризман ќе може да ја зголеми уште утре, кога неговата репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести