Неверојатен пораз од Израел – Македонија загуби со 34:114

Македонија ќе треба многу да работи за да се најдат наследници за Наумоски, Антиќ, Гечевски, Стефанов…, а потврда дека „кубуриме“ со таленти е поразот од Израел со неверојатни 80 поени разлика.

На неофицијалното Европско првенство за кошаркари до 14 години во Словенија, Израел ја победи Македонија со 114:34, а на полувремето разликата беше 51 поен за победникот, или 65:14.

Ова е огромна разлика, иако се работи за голобради момчиња, па ќе треба да се засукаат ракавите и да се работи многу подобро на полето на изнаоѓање и развивање на кошаркарски таленти.

Величковски со 11 поени беше најдобар стрелец кај нас, а Рубин Стефанов постигна 10, додека Тео Војновиќ уфрли шест поени.

Македонија го загуби и првиот меч на турнирот со 45:57 од Црна Гора, а треба да игра против Бугарија и Словенија.

- Оглас -

Најнови вести