Неверојатен пропуст на полицијата ги предизвика сите нереди во Буенос Аирес (Видео)

Јужна Америка ќе почека додека го дознае новиот континентален владетел, бидејќи синоќешниот реванш дуел од финалето во Купот Либертадорес меѓу Ривер плата и Бока јуниорс, не се одигра. Причина за тоа е дивеењето на домашните навивачи пред мечот.

Првиот и најголем инцидент се случи кога автобусот со кои беа пренесувани играчите на Бока јуниорс, беше нападнат од фанови  на Ривер плата. Навивачите на Ривер фрлаа со секакви тврди предмети кон автобусот и успеаа да искршат повеќе стакла. Дел од скршените стакла повредија неколку играчи на Бока.

Кулминацијата се случи на влезот од стадионот, каде гостите беа нападнати и со солзавец. По овие напади, следуваше жестока пресметка меѓу полицијата и разулавените фанови на домаќините. Тројца гостински играчи мораа да одат во болница за да им бидат санирани повредите, а почетокот на мечот неколку пати беше поместуван, за на крајот да се одлучи дека нема услови за игра.

Според некои анализи, полицијата во голем дел е виновна за настанатите нереди, бидејќи решила автобусот со играчите на Бока да помине низ делот од градот каде што со часови претходно биле стационирани најверните фанови на Ривер.

Најавите се дека средбата треба да се одигра вечерва во 21 часот, но не се знае дали тоа ќе биде на стадионот на Ривер, бидејќи легендарниот „Монументал“ е затворен од градските власти. 

 

- Оглас -

Најнови вести