Работата е вон контрола: Навивач на Ривер застрелан со гумен куршум (Видео)

Дел од улиците на главниот град на Аргентина, Буенос Аирес се во хаос. Навивачите на Ривер плата се во „војна“ со полицијата. Нередите започнаа при доаѓањето на автобусот со играчите на Бока јуниорс, кои требаше на „Монументал“ да го одиграат реванш мечот од финалето во Купот Либертадорес.

Откако беа нападнати гостинските играчи, низ улиците постојано има нереди и пресметки меѓу навивачите и полицијата. Според неофицијални извори, еден навивач на Ривер е погоден со гумен куршум, па дури тогаш се случил хаосот.

Дополнители нереди имаше по излегување на навивачите на Ривер од стадионот, откако беше јасно дека мечот ќе биде одложен.

Ако е се како што треба, реванш мечот од финалето на Купот Либертадорес, ќе се игра утревечер во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести