Неверојатна победа на Галатасарај, Диањ од пеколот до рајот (Видео)

Вистинска фудбалска лудница се случуваше попладнево на средбата помеѓу Ризеспор и Галатасарај од турската лига. На гостите трите бода им беа многу потребни бидејќи се борат за титула, и на крај сепак со многу среќа успеаја во намерата.

Галатасарај рано го отвори резултатот преку Фегули, а веќе во 16-та минута, добија и пенал, но првиот стрелец Мбаје Диањ не го реализираше. Тоа како да беше знак за почеток на маките низ кои мина истанбулскиот гигант. Ризеспор изедначи со голот на Ведат Муриќи во 45 минута. Во 73-та минута, Емре Акбаба се здоби со тешка повреда, најверојатно скршеница на ногата, па иако Ризе остана со играч помалку, шокираниот тим на Галатасарај прими гол.

Агонијата траеше до 90-та минута, кога повторно судијата досуди пенал за гостите, а овојпат Диањ се извади за утката во првиот дел и погоди за 2-2. Беше покажано 12 минути продолжување, и во 97-ма Диањ со главата даде гол кој може да значи и титула за Галатасарај. Диањ е првиот странец во историјата на турската лига со 30 гола во една сезона.

https://streamable.com/4j2cw

 

- Оглас -

Најнови вести