Неверојатна преписка на Милинковиќ-Савиќ со брат му, предвиде дека ќе даде два гола (Фото)

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, со два гола го трасираше патот на Србија до финалето на баражот за пласман на ЕП, а по мечот, неговиот брат Вања објави нивна преписка, во која Сергеј му пишува на брат му дека ќе постигне два гола и ќе му го поправи расположението.

Вања Милинковиќ-Савиќ, кој е голман на Торино, на неколку часа пред мечот во Осло му се жалел на помладиот брат и од него побара да даде два гола за да му се врати расположението. Сергеј му одговара: „Важи, ќе дадам“, по што заминува од хотелот кон стадионот.

Селекцијата на Србија во финалето на баражот ќе игра дома против Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести