Неверојатна ракoметна победа од 75 гола разлика

Додека на Европското ракометно првенство ја очекуваме кулминацијата, во Јужна Америка се играат квалификациите за пласман на Светското првенство. Аргентина беше голем фаворит во дуелот со Боливија, но сепак резултатот на крајот е неверојатен.

Гаучосите немаа милост кон противникот и на крајот победија со 82:7. По првиот дел Аргентина водеше со 42:5, а фаворитот и во вториот дел реши да продолжи со исто темпо. Домаќините дадоа 40 гола, а во одбраната беа уште подобри и примија само два погодока и на крајот победија со неверојатни 75 гола предност.

 

- Оглас -

Најнови вести