Тренерот Карло Анчелоти реши Лука Модриќ веќе да не биде стартер на најважните мечеви на Реал Мадрид. Затоа Хрватот доби шанса да биде во почетниот тим на дуелот од Купот на Шпанија против четвртолигашот Депортиво Минеро.
Интересно е дека Анчелоти реши за овој меч целосно да го „измеша“ составот па покрај 39-годишниот Модриќ во почетните 11 имаше и неколку тинејџери. Од сите оние кои беа под 20 години, посебно внимание предизвика настапот на Диего Агуадо кој има само 17 години.
Талентираниот Агуадо игра на бековската позиција и ова беше негово деби за сениорите на Кралскиот клуб. Толкава разлика на играчи од еден клуб од светска класа се гледа мнгоу ретко, во Реал Мадрид речиси и несфатливо, но начинот на кој игра Модриќ му дава за право уште да биде вистински учител на тинејџерите кои допрва се појавуваат на светската сцена.
🤯 Luka Modric y Diego Aguado comparten hoy titularidad con el Real Madrid. pic.twitter.com/sjIJyTtDHk
— Álvaro Esteban (@alvaro_esteban6) January 6, 2025
Модриќ сака уште една сезона да остане на „Сантијаго Бернабеу“ како би бил во одлична форма за настап на Светското првенство во 2026 година, а дури потоа би ја завршил блескавата кариера.
Модриќ држи многу рекорди во Реал Мадрид, а со голот постигнат против четвртолигашот Депортиво Минеро за прв пат се зачиша во листата на стрелци во дуел од Купот на Шпанија и тоа по 13 години носење на дресот на шпанскиот гигант. Модриќ постигна гол и во пресвртот пред неколку дена на гости кај Валенсија, кога Реал победи со 2:1.