Неверојатна сцена: Навивач втрча на теренот и „шутираше пенал“, па така го спаси својот омилен тим (Видео)

Ротерам минимално со 1:0 го победи Акрингтон во меч од третата англиска лига, а еден необичен инцидент ја одбележа средбата. Домаќините водеа со 1:0 кога во финишот на средбата беше досуден пенал за гостите.

Хари Пел се подготвуваше да го изведе пеналот, кога од трибините истрча еден навивач на Ротерам и ја шутна топката која стоеше на пеналтикот. Овој потег го налути Пел, кој тргна да го брка неканетиот гостин на теренот.

Навивачот беше фатен и тргнат од теренот, а Пел најверојатно ја загуби концентрацијата, па кога по вторпат ја намести топката на белата точка, не успеа да го реализира пеналот и навивачот кој влезе на теренот се претвори во херој на домаќините.

https://twitter.com/i/status/1490045381597671425

Ротерам со оваа победа се зацврсти на врвот на табелата во Лига 1 со 62 бода, а Акрингтон е дури на 15-тото место.

- Оглас -

Најнови вести