Остануваат уште само 24 часа за бесплатно да одиграте Спортска прогноза на Sport Life. Секако помеѓу 13-те понудени натпревари дека најинтересен е оној помеѓу Реал Мадрид и Барселона, но еден друг натпревар изненадува според типовите.
Неверојатни 60% од играчите очекуваат реми на мечот помеѓу Анже и Лориен во француското првенство. Останатите 40% веруваат дека ќе има победник, а предност му даваат на домаќинот со 26%.
Што се однесува до Ел Класико, очекувањата на играчите на Спортската прогноза се дека „кралевите“ ќе бидат поуспешни. Речиси половината од нив, односно 47% предност му даваат на Реал Мадрид, а 33% очекуваат триумф на „каталонците“.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


