Неверојатни сцени: Фудбалерите го туркаа возилото на Брза помош кое се заглави на очајниот терен

Мечот од втората романска лига меѓу екипите на Волунтари и Бихор ќе се памти, но не по фудбалски мајстории, туку поради една бизарна ситуација.

Се играа последните моменти од мечот кога на теренот тешко се повреди еден фудбалер и мораше да интервенира возилото за Брза помош. Во текот на мечот врнеше пороен дожд, а теренот изгледаше ужасно, па кога Брзата помош влезе на теренот, едноставно заглави во калта.

За да може Брзата помош да излезе од теренот, фудбалерите на двата тима мораа да го туркаат возилото за да го извадат од калта.

„Ова е нереално дури и за стандардите на романскиот фудбал“, беше коментарот на романскиот спортски новинар Емануел Росу.

- Оглас -

Најнови вести