Неверојатни сцени: Како третолигаш во Алжир прослави влез во втора лига? (Видео)

Алжирскиот третолигаш УСМ Анаба имаше многу причини за славење откако успеа да избори пласман во втората лига. Тимот кој досега беше дел од третата лига, со добрите игри во текот на целата сезона успеа да стигне до зацртаната цел, а голем удел во тоа имаа и навивачите.

На секој меч тимот на УСМ Анаба имаше огромна поддршка, а навивачите не се штедеа да направат спектакуларна атмосфера. На последниот меч, кога и беше прославата за успехот и влезот во втората лига, фановите речиси го запалија целиот стадион, а атмосферата беше феноменална.

- Оглас -

Најнови вести