Неверојатно: Атлетичарка од Етиопија за две минути го подобри светскиот рекорд во маратон

Атлетичарката од Етиопија, Тигст Асефа, е нова рекордерка во најтешката дисциплина во женска конкуренција, маратонот, со време од 2:11.55. Таа ова постигнување го оствари на маратонот во Берлин, трчајќи за повеќе од две минути побрзо од претходната сопственичка на рекордот, Косгеи од Кенија, која имаше време од 2:14.04.

Асефа со овој резултата се надмина себеси и постави време кое ќе биде тешко да се подобри во блиска иднина.

Интересно, нејзиниот резултат беше за само девет минути послаб од победникот на машкиот маратон, Елиуд Кипчоге од Кенија, кој патеката во Берлин ја мина за 2:02.42.

- Оглас -

Најнови вести