Галатасарај синоќа на свој терен беше апсолутен фаворит во дуелот со Кајсериспор, но на крајот турскиот гигант мораше да се задоволи само со еден освоен бод. Дуелот заврши 1:1, а во центарот на вниманието беше потегот што го направи гостинскиот играч Мугдат Челик.
Напаѓачот на Кајсериспор во второто полувреме направи бизарен пенал откако двапати со рака намерно ја фати топката во сопствениот шеснаесетник. За овој потег, Челик беше исклучен, а Галатасарај од пенал стигна до водство од 1:0. По мечот, многумина го обвинија Челик дека намерно направил пенал во корист на Галатасарај, каде што претходно има играно и се декларира за голем навивач на турскиот гигант.
Иако Челик помогна Галатасарај да поведе со 1:0, Кајсериспор и со фудбалер помалку успеа да израмни и на крајот да стигне до бод од гостувањето во Истанбул.
https://twitter.com/i/status/1330981724914905091