Атлетико Мадрид во новата сезона во Ла Лига тргна со минималната победа над Хетафе. Јорганџиите на „Ванда Метрополитано“ славеа благодарение на погодокот на Алваро Мората, по што шпанскиот вицепрвак ја продолжи доманацијата против соседите.
Имено, Атлетико веќе 16 меча во низа нема пораз од Хетафе, а што е уште поимпресивно, немаат примено ниту гол. Оваа доминација започна откако Диего Симеоне во декември 2011 година го презеде кормилото на Атлетико.
Во тие 16 меча, меѓу кои два се во Кралскиот куп, Атлетико само во два наврати не запиша триумф против Хетафе, а во меѓувреме постигнаа вкупно 31 гол сметајќи го и вчерашниот на Мората.
Иако Хетафе не е мерило за квалитетот на Атлетико, оваа доминантна статистика покажува колку всушност тимот на Симеоне е стабилен во одбраната и е кошмар за секој противник. Сезонава речиси цела одбранбена линија се смени, но тие и натаму се непробоен ѕид за противниците.
Update: Diego Simeone’s record against Getafe as Atleti manager.
✅ 16 games (LaLiga & Copa)
🥅 31 goals scored
🚫 0 conceded— Kay Murray (@KayLMurray) August 18, 2019