23-тото коло во Бундеслигата кое се играше викендов беше неверојатно бидејќи сите екипи постигнаа гол, а седум од деветте натпревари завршија ГГ3+.
Колото започна во петокот со дуелот на лидерот на табелата Баер Леверкузен кој на „Бај арената“ со 2:1 го победи Мајнц и го најави ефикасниот викенд.
Во саботата се одиграа пет натпревари, три беа ГГ3+, а два завршија „само“ ГГ и тоа дуелите Вердер – Дармштад и Штутгарт – Келн.
Денеска се одиграа три меча и сите беа ГГ3+, а најефикасно беше на „Сигнал Идуна парк“ каде Хофенхајм како гостин со 3:2 ја совлада Борусија Дортмунд.
Најефикасен беше дуелот меѓу Борусија Менхенгладбах и Бохум на кој беа постигнати дури седум гола, а домаќинот славеше со 5:2.