Неверојатно: Најдобриот кошаркар од СП само за 24 часа промени четири клуба

Главна тема во НБА-лигата е трејдот на Лука Дончиќ од Далас во ЛА лејкерс, а пред два дена свое мислење по ова прашање имаше и најдобриот кошаркар од последното Светско првенство, Денис Шредер.

„Ова е модерно ропство. Иако имаш договор, сите може да одлучуваат каде ќе играш. Секако, заработуваме многу пари и можеме да го прехраниме семејството, но ако тие кажат утре не доаѓај на работа, те испративме на друго место, тогаш тоа значи дека тие одлучуваат за сè. Ова мора да се промени“, беше изјавата на Шредер.

Германецот како да чувствуваше што ќе се случи, па само два дена откако го кажа ова, промени дури четири екипи само за 24 часа. Голден стејт го трејдуваше во Мајами за Џими Батлер, но Сонцата веднаш го испратија во Јута. Откако една вечер мина како „џезер“, на последниот ден од периодот за размени беше испратен во Детроит и таму ќе ја доигра тековната сезона.

- Оглас -

Најнови вести