Срча беше Олд фирм дербито – Харт најде стакло пред гол, Селтик го победи Ренџерс (Видео)

Селтик го победи Глазгов ренџерс со 2:1 како гостин во големото „Олд фирм“ дерби на Шкотска во возбудлив меч што ги остави Келтите на врвот на табелата.

Како и секогаш кога се работи за една од најпознатите фудбалски пресметки на светот имаше и тензии, а второто полувреме доцнеше поради неверојатна причина.

Домашните навивачи фрлаа стаклени шишиња и предмети пред голот на Селтик, што го бранеше Џо Харт, па обезбедувањето мораше да ги собира отпадоците од шеснаесетникот на гостите.

Сите три гола беа постигнати во првото полувреме, а поведе Глазгов ренџерс со голот на Арон Рамзи во третата минута.

https://twitter.com/_GoalFootball_/status/1510586518892601345?s=20&t=02FniBJfTMcJXteBtAnx5w

Пресвртот го креираа Том Рогич со погодок во седмата минута и Камерон Картер-Викерс со прецизен удар во финишот на првиот дел.

Селтик сега е лидер со 79 бода, шест повеќе од вечниот ривал Глазгов ренџерс.

 

- Оглас -

Најнови вести