Неверојатно: Никој не сака да ги откупи правата за француската Лига 1

Француската Лига 1 распиша тендер за продажба на ТВ-правата за следните пет години (2024-2029), но на него не се јавила ниту една заинтересирана телевизија.

Според француските медиуми, причина за дебаклот со тендерот за ТВ-правата се големите барања на Лигата. За купување на ТВ-правата со право на прв избор, челниците на Лига 1 барале 530 милиони евра, а за „втор избор“ 270 милиони евра.

Актуелните носители на ТВ-правата, францускиот Канал плус заедно со катарската телевизија БеИН спортс плаќаат 330 милиони евра, додека Амазон Прајм видео, кој прикажува осум натпревари неделно, плаќа 275 милиони евра.

Француската телевизија Канал плус претходно најави дека нема да достави понуда за нов откуп на ТВ-правата, со што ја прекинува традицијата на емитување на натпреварите од Лига 1 која започна во 1984 година.

- Оглас -

Најнови вести