Шефилд вендзи има четири шампионски титули во Англија, кои ги освои во периодот од 1902 до 1930 година, но и три трофеи од англискиот ФА куп во периодот од 1895 до 1935 година, а попладнево успеаја да испаднат од Чемпионшип дивизијата иако се уште е месец февруари.
Вакво нешто не се памети во англискиот фудбал, екипа да испадне од лига во февруари, но тоа им успеа на фудбалерите на Шефилд вендзи, кои на 13 кола до крајот имаат заостанување од 42 бода од безбедната зона.
Улога во лошите резултати има и бодовната казна од 18 поени, па екипата од Шефилд на табелата има -7 поени, што би значело дека на терен оваа сезона освоиле само 11 поени.
Сепак, да биде уште поголема нивната катастрофа, официјално испаѓање од вториот ранг се случи токму во директен дуел против лутиот градски ривал, Шефилд јунајтед, кој го доби мечот со 2-1, а двете екипи натпреварот го завршија со по еден играч помалку.

