Неверојатно – Шифрин заостана една стотинка, а се најде дури на трето место

Швајцарецот Беат Фојц победи на легендарната спуст патека во Венген, и ги израдува домашните фанови, а локалните навивачи се радуваа и во италијанскиот ски центар Сестриере, каде Федерика Брињоне заедно со Петра Влхова освоија по 100 бода на велеслаломот.

Во неверојатна драма во Сестриере, Брињоне и Влхова имаа идентично вкупно време после двете возења, а трета беше несреќната Американка Микаела Шифрин која заостана само една стотинка, и освои само 60 бода, со кои сепак ја задржа убедливата предност во генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести