Неверојатно, сите осум меча во англискиот Лига куп беа „икс“ на полувреме

Вечерва на фудбалските терени во Англија имаше неверојатни резултати по 45 минути игра во Лига купот.

Вечерва се играат осум натпревари и на сите беше „икс“ на полувреме иако играат и неколку фаворити.

Од 20.45 часот се играат шест натпревари и само на два имаше голови, Саутхемптон и Шефилд вензди како и Вест хем и Блекбурн играа 1:1 по првите 45 минути.
На останатите дуели, Арсенал – Брајтон, Њукасл – Кристал палас, Нотингем ф. – Тотенхем, Вулверхемптон – Лидс, Ливерпул – Дерби каунти и Манчестер сити – Челзи немаше голови.

- Оглас -

Најнови вести