Неверојатно: Тотенхем плаќа цело богатство на четири тренери истовремено

Екипата на Тотенхем, пред само неколку дена го назначи Антонио Конте за нов тренер до 2023 година.

Интересен е фактот што овој тим, на својот платен список ги исплаќа и претходните четворица тренери кои беа на клупата на овој тим, а сите нивни договори истекуваат на летото во 2023 година.

Нуно Еспирито Санто, Жозе Мурињо и Маурицио Покетино сè уште имаат големи примања од клубот, иако двајца од нив веќе се на клупата на Рома (Мурињо) и ПСЖ (Покетино).

Со оглед на примањата кои што ги имаа во Тотенхем, тогаш сигурно таа сума не е баш мала, а ако се додаде фактот дека и примањата на Конте се над 20 милиони евра по сезона, тогаш цифрата само за исплата на тренерите изнесуива цело богатство.

 

- Оглас -

Најнови вести