Усман Дембеле ја напушти француската репрезентација по повредата на коленото со која се здоби против Унгарија во второто коло на ЕП, по што се врати во Барселона, каде што му беа направени детални прегледи, а истите донесоа лоши вести за крилниот фудбалер.
Каталонците потврдија дека Дембеле е потешко повреден и му е потребна операција на коленото, која ќе го тргне од терените дури четири месеци. Тоа значи дека Дембеле ќе го пропушти стартот на новата сезона, а по третпат ќе му биде направена операција откако потпиша за Барселона во летото 2017 година.
Повредата дојде во доста незгоден момент за Дембеле, кој влезе во последната година од договорот со шпанскиот гигант, што може да биде проблем во неговата желба да остане на „Камп ноу“ и да докаже дека вреди за огромната сума која беше исплатена за него пред четири години.