Невиден скандал во Шпанија – Кои се трите клуба во Ла Лига што ги мрази претседателот на фудбалската федерација? (Фото)

Голем скандал се случува во шпанскиот фудбал, откако „Ел Конфиденсијал“ објави конверзација на претседателот на фудбалската федерација, Луис Рубијалес со неговиот татко во која јасно вели дека ги мрази Вилјареал, Севилја и Валенсија.

Во текот на дерби дуелот меѓу Реал Мадрид и Севилја во 2020 година, Рубијалес на „Вотс ап“ му пишал порака на својот татко се следната содржина:

„Да видиме дали ќе ги решиме севилјистите. Ги мразам. Тие ми се вториот најомразен тим во Шпанија“, пишал Рубијалес.

Неговиот татко му возвратил со порака дека тој ги мрази и Валенсија и Севилја, по што во нова порака првиот човек на шпанскито фудбал, кој е и претседател на судиската организација одговорил:

„Мене најомразени ми се Вилјареал, Севилја и Валенсија. Токму со тој редослед“, е скандалозната порака на Рубијалес што ја објави јавно „Ел Конфиденсијал“.

Трите клуба што не ги сака првиот човек на шпанската фудбалска федерација веднаш реагираа со заедничко соопштение.

„По објавените скандалозни пораки на Луис Рубијалес, ние заедно трите клубови, Валенсија, Вилјареал и Севилја го осудуваме чинот на омраза кон нас што го покажа претседателот на шпанската фудбалска федерација. Не навредува и нас и нашите навивачи и е исклучително лош и скандалозен чин. Загрижени сме од идните одлуки и лидесртвио на човек што мрази три клуба со огромна традиција во шпанскиот фудбал“, стои во соопштението на Валенсија, Вилјареал и Севилја.

- Оглас -

Најнови вести