Невидена радост: Со гол во 96-тата минута стигнаа до првата победа на гости во последните седум години (Видео)

Малта со 1:0 славеше на гости кај Летонија, во меч кој посебно ќе го памтат гостинските фудбалери. Ова беше меч од Сегментот Д во Лигата на нации, а Малта за првпат по седум години пауза, славеше на официјален меч на гостински терен.

Судијата покажа пет минути дополнително време, а се играше шестата минута од продолжението, кога Борг со глава ја затресе мрежата на домаќините и донесе голема радост за Малта. За Малта ова беше прва победа на гости по таа над Ерменија во 2013 година.

Малта ретко победува, па затоа кога ќе дочекаат такво нешто, славењето е навистина огромно.

https://twitter.com/i/status/1316084219995713536

- Оглас -

Најнови вести