Невкусна шега или Ибра на Швајни му ја кажа вистината во очи (Видео)

Златан Ибрахимовиќ како своја најнова цел на комичен напад го избра колегата Бастијан Швајнштајгер, со кого се сретнаа во Орландо, а им се придружи и Вејн Руни. Тројцата ќе учествуваат на олстар-мечот од МЛС-лигата.

Швеѓанецот ужива во Лос Анџелес, каде што игра за клубот Галакси, а освен со своите атрактивни голови, фановите ги забавува и со коментари и објави по социјалните мрежи. Последна во низата шеги на Златан беше оваа кога на сопругот на Ана Ивановиќ му кажа дека изгледа како да има 50 години и почна да гледа во стомакот на Германецот. Инаку, Швајнштајгер утре полни 35 години и помлад е од Ибрахимовиќ.

„Добро изгледаш како за некој 50-годишен“, му рече Ибра на Швајни.

Тие двајца играа заедно за Манчестер јунајтед во сезоната 2016/17. Тогаш Германецот премина во Чикаго фајр, а Ибра од лани е во САД.

- Оглас -

Најнови вести