Незадржливиот Симонс постави клупски рекорд по бројот на дадени поени во првото полувреме (Видео)

Портланд славеше на гости кај Јута со 116:111, во меч на кој блесна Енферни Симонс. Бекот на гостите беше незадржлив посебно во првите 24 минути. Симонс имаше неверојатна прва четвртина во која постигна 23 поени, а до полувремето застана на бројката од 33 поени.

Тоа е и клупски рекорд за бројот на постигнати поени во прво полувреме на еден играч од Портланд. На крајот, Симонс заврши со 45 поени, а Портланд стигна до победа во меч на кој не беше фаворит за триумф.

https://twitter.com/i/status/1599231572636569601

Голден Стејт стигна до петата победа во шестиот меч откако со 120:101 славеше над Хјустон. Актуелниот првак одигра одлично го отвори мечот и поведе со 22:4, а првата четвртина ја заврши со водство од 39:23. Во продолжение од мечот, домаќините постојано имаа контрола на резултатот и водеа од првата до последната минута. Вигинс со 36 поени беше прв стрелец кај победничкиот тим, а Кари застана на бројката од 30 поени.

Резултати: Шарлот – Милвоки 96:105, Минесота – Оклахома 128:135, Торонто – Орландо 121:108, Голден Стејт – Хјустон 120:101, Јута – Портланд 111:116.

- Оглас -

Најнови вести