Големото руско дерби меѓу ЦСКА Москва и Спартак Москва (0:2) го одбележа хаосот на теренот. Спартак поведе со 1:0 пред крајот на првото полувреме, а дербито имаше ферски однос на теренот, што не може да се каже за второто полувреме.
Тензиите започнаа во 57 минута кога прво имаше неколку опасни стартови, а потоа дојде и до мешаница на теренот. Неколку фудбалери влегоа во физички конфликт. Вилијам Роча од ЦСКА беше најратоборен откако со бокс го удри српскиот репрезентативец Срѓан Бабиќ кој доби расекотина на устата.
Во конфликт се вклучи и Литвинов кој истотака доби црвен картон, а жолти картони имаше за неколку играчи.
„Вилијан Рока воопшто не се однесуваше спортски. Воопшто не ми се допадна тоа што го направи. Ова беше дерби и така никако не смее да се однесува. Не е прв пат исти играчи да прават проблем“, рече Наил Умјаров кој заработи жолт картон.
Вкупно три црвени и осум жолти картони имаше на овој меч по кој Спартак е нов лидер на табелата со 25 поени, еден повеќе од последниот ривал ЦСКА.