Незгодно за Пандев – Џенова го смени Мота, трет тренер сезонава ќе им биде Никола

Тијаго Мота доби отказ во Џенова и Горан Пандев ќе има нов тренер, трет сезонава во Калчото. Давиде Никола ќе се обиде да ја сопре кризата на најстариот клуб во Италија, а доби мандат од шест месеци, односно до крајот на сезоната.

Никола е поранешен фудбалер на Џенова и за нив играше во два наврати, од 1995 до 1998 година и потоа од 1999 до 2002.

Тој нема големо искуство како главен тренер, а ги предводеше Лумецане, Ливорно, Бари и Кротоне и потоа и Удинезе, што досега му е највисок дострел во тренерскиот занает.

Денеска се случи уште една значајна смена на тренер, а премиерлигашот Вест Хем му врачи отказ на Мануел Пелегрини.

 

- Оглас -

Најнови вести