Ни двете контра одлуки на ВАР не можеа да спречат победа на Ливерпул

Роберто Фирмино и Диого Жота постигнаа по еден гол за тешка победа на Ливерпул од 2-1 против Шефилд јунајтед. Црвените немаа среќа со ВАР технологијата, бидејќи против нив се досуди спорен пенал, а им беше поништен и гол. Сепак, Жота даде регуларен гол и Јирген Клоп веќе не мораше да гледа во шок како судиите менуваат одлуки кои ги донеле на терен.

Ливерпул и во дербито против Евертон се жалеше на ВАР, бидејќи поради офсајд им беше поништен гол во финишот. Во октомври 2018 година последен пат беше досуден пенал против Ливерпул на „Енфилд“.

Актуелниот англиски првак на својот „Енфилд“ има серија од 62 првенствени мечеви по ред без пораз. Од последните 29 меча дома во Премиерлигата, Ливерпул има 28 победи. Жота е прв играч на Ливерпул после Садио Мане, кој на првите два домашни меча дава гол. Сега на табелата пред Ливерпул е само неговиот градски ривал Евертон кој има и еден натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести