Ни Пеле, ни Марадона, ни Меси, ни Роналдо… никој не е како Дани Алвес

Бразил го прекина 12 годишниот пост без трофеј на јужноамериканското првенство благодарение на победата од 3:1 против Перу во финалето одиграно на „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Кариоките се израдува на трофејот во Копа Америка, а капитенот Даниел Алвес имаше можност прв да го крене трофејот.

Токму овој трофеј има посебно значење за Алвес. Бразилецот стана првиот фудбалер во историјата кој успеал да стигне до 40 освоени трофеи. Ова неверојатно остварување на 36-годишниот фудбалер е остварено благодарение на неговата неверојатна кариера, како на репрезентативно така и на клупско ниво.

Ниту најголемите фудбалери во историјата како што се Пеле, Марадона, Кројф, Платини, Бекенбауер, Еузебио, па сега и Меси, Роналдо… не може да се пофалат со толку многу освоени пехари во кариерите.

Кои се трофеи ги има освојувано Алвес? Бразилецот е трикратен освојувач во Лигата на шампионите, на трофејот во шпанското првенство се радувал 6 пати, потоа шпанскиот Куп (5), шпанскиот Суперкуп (5), италијанското првенство (1), италијанскиот Куп (1), Француското првенство (2), францускиот Куп (1), францускиот Лига куп (1), францускиот Суперкуп (2), Светско клупско првенство на ФИФА (3), УЕФА купот (2), Копа Америка (2), Купот на конфедерации (2), УЕФА Суперкупот (4) и Светскиот првак У20 (1).

Како круна на одличната игра на Копа Америка, Алвес синоќа беше прогласен и за МВП на јужноамериканскиот шампионат. Едноставно, Бразилецот блеска, а сега сигурно ќе се најде и клуб кој ќе сака да го доведе во своите редови, ако се знае дека му истече договорот со Пари Сен Жермен и сега е слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести