Ни ВАР системот не може да го спречи Пандев да погаѓа (Видео)

Горан Пандев е во стартниот тим на Џенова и доволно беше да поминат 10 минути за да ја донесе радост на својот тим. Капитенот на македонската репрезентација погоди во дуелот против Удинезе, во чии редови на клупата за резерви е Илија Несторовски.

Ел Гранде Пандев уште еднаш покажа колку е значаен играч за Џенова и по еден центаршут, втрча, па прими топката во противничкиот петерец и ја заби топката во мрежата на гостите.

Судијата најпрво го поништи погодокот поради наводно играње со рака, но по прегледот на повторената снимка, од ВАР собата потврдија дека голот е регуларен. За Пандев ова е четврти погодок сезонава во Серија А, а вкупно 8-ми во кариерата.

Погодокот може да го видите ТУКА.

https://streamable.com/p3vp8r

 

- Оглас -

Најнови вести