Ник Волтемаде сака трансфер само во Баерн

Напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде, посакува трансфер единствено во германскиот првак Баерн Минхен. Тој веќе постигнал начелен договор со раководството на баварскиот гигант околу личните услови од договорот.

Волтемаде за своите намери го информирал и раководството на Штутгарт, дека очекува реализација на трансферот во Баерн Минхен.

Преговорите меѓу двата клуба ќе отпочнат после завршувањето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, на кое Ник Волтемаде досега постигна шест гола и забележа три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести