Никако да добие шанса во Манчестер јунајтед, а по бламажата на неговиот тим, остана сам да тренира (ВИДЕО)

Дони ван ден Бек никако да добие шанса за докажување во редовите на Манчестер јунајтед. Иако Холанѓанецот беше доведен како големо засилување, тој е целосно отпишан од тренерот Оле Гунар Солскјер.

Но, и покрај тоа, Дони е максимално коректен и нема никакви изјави кон Норвежанецот, а по поразот на Манчестер јунајтед од Ливерпул од 0:5, тој по натпреварот остана сам да тренира.

Јасно е дека ван ден Бек ќе биде еден од најрадосните доколу раководството се одлучи да го отпушти Оле, бидејќи во досегашниот тек на сезоната има одиграно само 141 минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести