Ники Бат ја претепа сопругата, судијата го ослободи

Ники Бат избегна казна, веројатно и затворска, откако е ослободен од обвинението дека ја претепал сопругата Шели Барлоу лани во април.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед од шампионската генерација што доминираше во Англија и освојуваше титули се спаси од обвинение за претепување на сопругата Барлоу, која прво го пријави за насилство, но потоа и го спаси.

Шели не достави докази до судот дека била физички малтрерирана од 45-годишниот сопруг, па Бат е ослободен и судската постапка е прекината.

Бат моментно е тренер во фудбалската Академија на Црвените ѓаволи, а веќе плати штета од 800 фунти бидејќи ѝ го искршил мобилниот телефон на својата сопруга.

Ники играше за Манчестер јунајтед и потоа и за Њукасл, Бирмингам, а кариерата ја заврши во Кина.

- Оглас -

Најнови вести