Борусија Дортмунд доживеа висок пораз од 4-0 на првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите против Барселона и полека може да се насочи кон финишот од Бундеслигата, каде се обидува да дојде до излез во фудбалска Европа. Тренерот на „милионерите“, Нико Ковач, е реален и вели дека шансите за пласман во полуфиналето сега им се сведени на теорија.
„Очекував повеќе, но мора да бидеме искрени дека Барселона ги искористи сите наши подароци. Заслужен пораз, но вистината е дека можевме да постигнеме барем еден гол, посебно во првото полувреме, кога имавме свои шанси. Треба да видиме што можеме да подобриме во нашиот настап на мечот во Дортмунд, но имаме и важен меч во Бундеслигата. Оптимист сум, но мора да бидеме и реални, по овој резултат, нашите шанси се минимални. Да, има трунка надеж, но ќе биде тешко. Ако нема надеж, тогаш сè станува невозможно. Ова е тежок пораз за нас. Очекувавме подобар резултат, но мора да признаеме дека Барселона е одлична екипа. Тие ја казнуваа секоја наша грешка. Треба да ги погледнеме грешките и да ги исправиме. За неколку дена имаме меч од Бундеслигата, а потоа повторно ќе размислуваме за Барселона“, изјави тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач.