11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Никогаш не биле прваци на Европа, а сега се први фаворити за највредниот трофеј

Во пресрет на реванш дуелите од Лигата на шампиони познато е какви се шансите на 16-те екипи за на крајот да станат европски прваци. Иако никогаш не бил европски првак, на англискиот Манчестер сити му се даваат најголеми шанси за да стигне до континенталниот трон.

Коефициентот за Граѓаните да станат европски прваци изнесува 3.50, а веднаш потоа следи актуелниот европски владетел Баерн Минхен со коефициент 4.30. Во Топ 3 фаворити има место и за Пари Сен Жермен, клуб кој истотака како Сити, никогаш не бил шампион во најсилното натпреварување.

Според квотите, Ливерпул е четврти фаворит со коефициент 8, а шансите за Реал Мадрид се вреднуваат со коефициент 13. Некогашниот европски владетел Барселона е со неверојатно висок коефициент кој изнесува 150, но тоа и не е изненадување ако се знае дека каталонскиот гигант на домашен терен загуби со 1:4.

 

- Оглас -

Најнови вести